Курс за Steinberg Cubase

Почетен курс за Steinberg Cubase

Почетниот курс за Steinberg Cubase има цел да го запознае учесникот со основи на звукот, да го оспособи за снимање и обработка на аудио сигнал, како и да се стекне со познавање од основите на миксањето.

Се изучуваат сите алатки за користење на софтверот, навигација низ платформата, користење на шорткати и скрипти за побрзо и поефикасно работење, како и основите на Миди и виртуелните софтверски инструменти.

На почетокот на овој курс, апликантите ја добиваат последната, актуелна верзија на софтверот Steinberg Cubase LE. Овој софтвер останува во трајна сопственост на студентот, а надградбата на повисоки и попрофесионални верзии е значително поевтина и нуди многу повеќе можности за одбирање на опции за понатамошно користење на софтверот. Со самото креирање на сопствен налог на веб страната на Steinberg, откако ќе се внесе серискиот број на овој софтверски пакет, учесникот на овој курс е регистриран како траен корисник на Steinberg.

На крајот на предавањата, студентите полагаат испитни вежби, кои подоцна тренерот ги испраќа на ФТП серверот на Steinberg, а откако истите ќе бидат проверени, секој успешно положен испит се наградува со сертификат за Почетен курс за Steinberg Cubase. Со комплетирањето на горенаведениот процес, се подразбира дека учесникот се стекнал со солидни познавања од областа на оваа сфера и дека е подготвен да работи квалитетно на оваа платформа.

Овој сертификат е валиден секаде во светот и е предуслов за посетување на второто и завршно ниво, т.е. напредниот курс за Cubase.

Напреден курс за Steinberg Cubase

Напредниот курс за Steinberg Cubase, навлегува длабоко во тајните на овој комплексен софтвер, оспособувајќи ги студентите да се стекнат со многу софистицирани познавања во областа на аудио инженерингот, музичката продукција, компонирањето, аранжирањето, тајните на миксањето и мастерингот.

Во овој дел од курсот се изучува фреквентното сепарирање на аудио сигнали, напредно користење на еквилајзери и компресори, комбинирање на ефекти, симулатори на простори, како и емулирање на најпопуларните хардверски уреди.

Со помош на Cubase учиме како да снимиме, измиксаме и финализираме едно музичко дело и се навлегува длабоко во тајните на мастерингот и аудио посптпродукцијата. На крајот се изучуваат стандардите за мастеринг на аудио за гејминг, за гласност на Youtube, Spotify (кој од неодамна е достапен и на нашите простори) како и правилата за компресирање на дигитални аудио фајлови, за потребите на видео продукцијата.

Исто како и во почетниот курс на Steinberg, во последната фаза се изработуваат комплексни испитни вежби, кои по проверката од страна на стручни лица во компанијата, добиваат оцени, па оние кои успешно го положиле курсот, се стекнуваат со сертификат за напреден курс за Steinberg Cubase. Овој сертификат гарантира дека неговиот сопственик е професионалец во областа на аудио технологијата, а доколку се земе предвид дека сертификатот е признаен секаде во светот, ова значи дека студентот е сериозно конкурентен на широкиот музички пазар.