Наставна програма за сертифицираната обука за софтверот Steinberg Cubase

Со развојот на дигиталната тонска технологија и опрема, се создаде нов сегмент во аудио светот кој се нарекува DAW (digital audio workstation).

Ова значи дека постојат професионални софтвери за снимање, обработка, монтажа и мастеринг на звук, а со нивната помош е можно сите овие процедури да се извршуват на еден компјутер и тоа во еден единствен софтверски пакет.

Токму затоа и овие софтвери го носат епитетот на “семоќни” тонски работни станици.

Со совладувањето на сите овие софтверски помагала аудио професионалците можат да одговорат на било која работна задача и да ја испорачаат според сите можни светски стандарди од областа на аудио технологијата.

Експанзијата на  компјутерските софтвери за персонални компјутери е навистина на завидно ниво, а нивното секојдневно подобрување и употреба во професионалните ангажмани, се навистина зачудувачки.

Еден современ тонски техничар, инженер на звук, или музички продуцент, мора да ги познава и најситните детали, како и најскриените можности на секој од овие стандардизирани компјутерски апликации. Доколку се земе предвид дека претставува целосна замена за едно професионално тонско студио, битно е да се напомене дека Cubase се испорачува со огромен број на додатоци и дополнителен софтвер (плагини), па со помош на сите овие додатоци, оваа аудио платформа е толку мудро комплетирана, така што на корисникот не му е потребен ниеден инструмент или дел од аналогната студиска опрема, за којашто знаеме дека е многу скапа, а веќе воедно и прегазена од развојот на дигиталната технологија.

 

ПериодДатаСодржинаНачин на предавање
Предавање IСедмица 1

Запознавање со платформата Steinberg – Cubase

Креирање на сопствен кориснички профил – налог на веб страната на Steinberg, инсталирање на софтверот, запознавање со сите производи на компанијата.

Предавање, вежби, практична работа, задавање на домашни задачи.
Предавање IIСедмица 1

Steinberg – Cubase

Поврзување со соодветен аудио хардвер, запознавање со можностите на звучниот уред. Сетување на latency, buffer, графика, планирање на сесија, одредување на работен простор-хард диск, поставување и именувањена аудио тракови. Акцент на хиерархијата на именувањето на фајловите и нивното подоцнежно олесенето пребарување.

 
Предавање IIIСедмица 2

Steinberg – Cubase

Сетирање на влезни и излезни сигнали,

Signal Path, channel path, routing.

Разјаснување на целосната патека на аудио сигналот, дефинирање на строги правила во снимањето.

Снимање на еден канал-говор. Снимање на повеќе канали одеднаш-multitrack. Мониторирање на аудио каналите, подесување на соодветна гласност, со особен акцент на сопствената заштита од прегласен сигнал во слушалки или на аудио монитори.

 
Предавање IVСедмица 2

Steinberg – Cubase

Што е сoлo, mute, write, fader и запознавање со останатите функции на софтверот.

Групирање на сродни аудио извори и нивно сортирање според видот и природата на инструментот. Color coding, дефиниција на педантно подготвен проект и зошто е неопходно ваквото претпланирање.

 
Предавање VСедмица 3

Steinberg – Cubase

Запознавање со основните алатки и нивна примена во софтверот. Cut, Copy, Paste, Record, Edit, Mute, Hide, Show итн. Обработка на тонски сигнал со овие алатки.

 
Предавање VIСедмица 3

Steinberg – Cubase

Употребата на Shortcuts  и нивната неопходна примена за побрзо и професионално движење низ платформата. Зошто е подобро да се знаат сите потребни функции на памет, да се аплицираат со shortcut на тастатурата, наместо бавното движење со глувче. Како да изгледаме професионално пред клиентот.

 
Предавање VIIСедмица 4

Steinberg – Cubase

Создавање на сопствени скратени постапки, нивна примена и потребата од нив. Креирање на макро скрипти во софтверот, за да се скрати времето на извршување на одредена операција во неколку десетици или стотици наврати.

 
Предавање VIIIСедмица 4

Steinberg – Cubase

Согледување на различни пристапи кон работењето во Cubase. Разликите во индивидуалните пристапи на секоја единка, размена на искуства. Дефинирање на соодветен процес на работење според зададената ситуација, користење на темплејти и претходно сочувани пресет регистри.

Навлегување во најдлабоките тајни на софтверот.

 
Предавање IXСедмица 5

Steinberg – Cubase

Употреба на Plugin ефекти – Еквилајзери.

Што е Equalizer, колку различни видови на еквилајзери постојат и кој во која прилика се користи. Запознавање со целосната историја на еквилајзерите како хардверско помагало, објаснување што се’ може да се постигне во Cubase со неговиот EQ.

 
Предавање XСедмица 5

Steinberg – Cubase

Употреба на Plugin ефекти – Компресори

Што е Compressor, како работи и кога се користи и за која цел.

Споредба на компресор и лимитер, објаснување низ примери како се одбира начинот на компресија или лимитирање на звукот и кој е бенефитот од ваквата обработка на звук.

Различни видови на компресори и кој во која прилика се користи. Запознавање со целосната историја на компресорите како хардверско помагало, објаснување што се’ може да се постигне во Cubase со неговите компресори.

 
Предавање XIСедмица 6

Steinberg – Cubase

Употреба на Plugin ефекти – Chorus, Delay, Tremolo, Flanger, Phaser, Wah итн…

Овие ефекти се нарекуваат ефекти на модулација и секој од нив има свој карактеристичен звук и примена.

Работа со секој од горенаведените плагин ефекти, сортирање според комплексност и според намената.

 
Предавање XIIСедмица 6

Steinberg – Cubase

Употреба на Plugin ефекти – Reverb, Convolution Samples, Time Stretch, Pitch Shift, Detuning итн

Овие ефекти се нарекуваат симулатори на простор и психоакустични ефекти. Допринесуваат да се добие чувство на 3-Д димензија во една аудио снимка.

Објаснување на многуте различни начини на користење и примена. Кој вид на ревербератор кога да се одбере, каков алгоритам е потребен за симулација на одреден простор, дали хардверот е веќе засенет од софтверските ефекти.

 
Предавање XIIIСедмица 7

Steinberg – Cubase

Запознавање со процесот на миксање на аудиото во Cubase и вовед во оваа проблематика. Фреквентни сеперации на одредени звучни извори, планирање на поставка на панорама во стерео сликата, сортирање според природата на звучниот извор. Користење на фреквентен анализатор на звук во Cubase.

 
Предавање XIVСедмица 7

Steinberg – Cubase

Групирање на сродни иснтрументи и аудио извори, сортирање на истите како подготовка за успешен микс.

Што е потребно да се мониторира низ процесот на миксање, а што може да ни го одвлече вниманието и да допринесе да загубиме објективност додека работиме. Дефинирање на правила за поставка на микс, пред да се започне со процесот.

Миксање, завршен рендеринг импортирање, експортирање на фајлови и подготовка за разни мултимедијални формати.

 
Предавање XVСедмица 8

Steinberg – Cubase

Мастеринг и постпродукција на претходно изработен микс. Објаснување на процедурата на местерингот, дефинирање на правилата коишто мора да се почитуваат. Loudness War, зошто постои и како да се заштитиме од сугестивното засилување на аудио снимка, кое доведува до лош производ. Реперкусии од претивко и прегласно слушање.

Правила за квалитетен и професионален мастеринг, експортирање на аудио фајлови во соодветна семплинг фреквенција и битова резолуција. Game audio, Web audio, Youtube audio. Како се подготвува аудио за ЦД, за радио и за ТВ.

 
Предавање XVIСедмица 8 Испитни вежби и изработка на испитен проект.