Опременост и услови за работа

За да може да се изведува квалитетна настава и обука за Cubase и Wavelab, музичкото училиште Ентерпрајз е опремено според стандардите и побарувањата на компанијата Steinberg.

Предавалната е опремена со 6 студентски места – клупи со соодветни димензии, 6 Apple Macbook Pro преносни компјутери, 6 аудио интерфејси UR-12, производ на компанијата Steinberg, 6 пара Sennheiser HD-201 слушалки, мрежни кабли и безжичен интернет за секој компјутер.

За предавачот е обезбеден Apple Mac Pro десктоп компјутер со Apple Cinema Display, кој воедно е поврзан и на ЛЦД телевизор поставен на соодветна дистанца и височина, па оттаму студентите можат комотно да ги следат предавањата и да ги извршуваат работните задачи и вежбите. Компјутерот за предавачот е приклучен на соодветен аудио хардвер Steinberg UR-22, а излезот од овој аудио конвертер е поврзан на професионални студиски JBL монитори.

Просторот е уреден и ги содржи сите неопходни атрибути за оваа намена, редовно дезинфициран, направена санитарна контрола и редовно извршувана дезинсекција и дератизација.

Обезбедени се средства за дезинфицирање на рацете, резервни маски за секој студент, проветрување, како и предвидената дистанца од 150 цм. за студентските места и местото на предавачот.

Доколку условите заради пандемијата со Ковид-19 не дозволуваат да се извршува редовна настава, програмата е комплетно соодветна за онлајн предавања и може без никакви пречки и недостатоци да се одвива преку платформата ZOOM.