Курсот по музичка продукција е конципиран на следниов начин:
Предвиден е како курс од 8 модули во времетраење од 8 седмици, со точно определена и предвидена програма, па и тука наставата се одвива во групи, но не поголеми од 6 ученика.
Модулите кои се изучуваат на часовите по музичка продукција се следниве:
Модул 1 Вовед во наставната содржина, теорија на звук, видови студија, акустика на студија, дизајн на студио. Монитори во студио (звучници), психоакустика, аналогни и дигитални миксери, апликации за обработка, MIDI протокол и снимање, програмирање, уредување.
Модул 2 Микрофони: дизајн и примена, техники за избор и инсталација на микрофони, предзасилувачи за микрофони, аналогни и дигитални рекордери на звук (аналогни наспроти дигитални), звучни картички, аудио-програми и секвенцери, кабли и поврзување на студиска опрема.
Модул 3 Динамички процесори: Компресори (типови и начини на примена), мултибанд компресори, EQ, Gate, De-esser, reverb, delay, chorus.
Модул 4 Работа на првиот проект во рамките на студиото за звук: снимање и миксање песна. Миди програмирање и правење на инструментал.
Модул 5 Снимање поп-песни, вокали, поддршка на вокал, обработка и миксање на проект.
Модул 6 Снимање на рок бенд: техники за снимање на информации, техники на снимање на звук и тапан, снимање на бас гитара, снимање на електрична гитара (звучно засилување на гитара и директно снимање преку дигитален процесор), засилување, снимање на звук и акустична гитара, клавијатури, дувачки инструменти, вокали и придружни вокали. Едитирање и миксање на рок бенд, sound replacement техники за замена на звук, trigering.
Модул 7 Аналоген мастеринг, дигитален мастеринг, техники како да се постигне компетитивна и комерцијална гласност и квалитет на песна.
Модул 8 Снимање и озвучување на живи настапи, концерти, театарски претстави, избор на микрофони, поставување на разгласни системи, современо пресметување на временска дистанца и акустичко решение за секој нов простор во кој се одржува настанот.
Специјализирани обуки за STEINBERG Cubase
Сертифицираниот тренинг за STEINBERG Cubase претставува уникатна можност за тесно специјализирање на знаењата од областа на аудио инженерингот, за користење на софтверот Cubase од престижниот производител STEINBERG.
Нашето училиште е единствениот официјален сертифициран тренинг центар за производите на STEINBERG во Македонија, што значи дека ги исполнуваме највисоките технолошки стандарди во однос на опремата и просторот, а воедно имаме и сертифициран тренер, – Валентино Скендеровски, кој ја одржува обуката според светските стандарди.
Што е Cubase?
Cubase е софтверски производ развиен од германска компанија за музички софтвер и хардвер, STEINBERG.
Овој софтвер е наменет за музичко и тонско снимање, компонирање, уредување, аранжирање, микс и мастеринг, и важи за една од најсофистицираните дигитални тонски работни станици. (DAW –Digital Audio Workstation). Cubase важи за еден од најпрецизните аудио едитори, а со негова помош може да се изработуваат аудио книги, да се синхронизираат филмови и да се употребува во сите сегменти на аудио индустријата.
Што значи завршена Cubase обука во овластен и сертифициран тренинг центар?
Пред се, тоа значи дека центарот ги задоволува највисоките технички и методолошко- едукативни критериуми за одржување на физичка или онлајн настава. Можеме да се пофалиме, дека на првите одржани курсеви за Cubase во Ентерпрајз, 67 од 70 учесници успешно го положија тестот и се здобија со светски признатиот сертификат на STEINBERG.