Концептот за групна настава е нов и некарактеристичен пристап кон работата во областа на музичкото образование кога се во прашање изучувањето на инструменти и вокалната интерпретација (гласните жици, гласот е инструмент). Ваквиот начин на работа не се практикува никаде по државните музички училишта во Македонија, на просторите на поранешна Југославија, па ни во државите ширум светот. Според научните методи и методологии, според сите правила и стандарди, се смета дека најголем ефект во образованието, не само музичкото, се постигнува при индивидуалната настава.
Сепак, ние се одлучивме да го спроведеме токму овој концепт на групна настава и се уште се придржуваме кон него затоа што даде извонредни резултати и позитивни ефекти, гледано од повеќе аспекти:
Постојат и други предности и придобивки од ваквиот метод на работа, но најважно од се е дека крајните резултати се позитивни и дека побрзо и полесно се доаѓа до целта. Бројот на учениците во една група зависи од природата на инструментот кој се изучува и во различни класи, различен е и бројот. Групите се формираат врз основа на музичката определеност, возраста и степенот на знаење на учениците.
Програмата по која се одвива наставата не е дефинирана во строга рамка, што овозможува наставниот процес да биде адаптибилен, динамичен и флексибилен, лесно прифатлив како за тотални почетници, така и за ученици кои достигнале некакво ниво на музичко образование.
Училиштето на крајот од учебната година организира завршен концерт на кој што учествуваат сите ученици и преку нивниот јавен настап јасно може да се согледа колку научиле и напредувале во нивниот развој како идни музичари.
Се подготвува репертоар на песни кои се изведуваат во живо, со соодветно озвучување, на сцена и пред публика.
Преку овие настапи учениците на Ентерпрајз имаат ексклузивна можност да научат како да го интерпретираат своето музичко знаење во живо, со озвучени инструменти и каков треба да биде односот кон останатите членови од музичкиот состав.
Завршниот концерт за пејачите е исто така посебно искуство кај што тие учат да пеат во придружба на бенд (не на снимена матрица), однос кон микрофон, однесување на сцена и др. Основната цел на овој проект е да се покажат достигнувањата на учениците, т.е. наученото во тековната учебна година, како и промоција на работата на училиштето.